На неколку дена пред годишнината од смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона, докторот и новинар Нелсон Кастиљо објави книга „Здравјето на Диего: Вистинска приказна“.
Во книгата се откриваат многу детали за смртта на легендарниот фудбалер, а еден детал најмногу го привлече вниманието на јавноста. Кастиљо пишува дека Диего бил закопан без срце затоа што постоеле информации дека навивачи на Химнасија сакале да го украдат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Една група од водечките навивачи на Химнасија имаа намера да го украдат срцето на Диего. За нивната намера се дозна, па затоа срцето на Диего беше извадено. Тоа беше потребно за да се испита и да се проучи детално. Важно беше да се открие вистинска причина за неговата смрт“.
Срцето на Диего било двојно поголемо од нормалното.
„Вообичаено срцето кај нормален човек тежи околу 300 грама, но кај Диего тоа тежеше половина килограм. Не беше така само затоа што беше спортист, тој имаше и срцева инсуфенција“, открива Кастиљо.