Дома Фудбал Останато Манчини го откри единствениот тим на Мундијалот кој е подобар од Италија

Манчини го откри единствениот тим на Мундијалот кој е подобар од Италија

Репрезентацијата на Италија по шест децении не ја гледаме на Светско првенство.

Азурите во плејофот за пласман на Мундијалот испаднаа од селекцијата на Шведска, а новиот селектор на Италијанците, Роберто Манчини тврди дека никој, освен Бразил на ова првенство не е подобар од неговиот тим.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Судејќи според натпреварите кои ги гледав до сега, освен Бразил, не видов репрезентација која е подобра од нас. Кого и да сретнам од Италијанците, убеден е дека можевме многу во Русија, особено кога ќе видиме какви тимови играат таму. Го делам истото мислење. Разочарување е да гледаме СП без Италија. Сепак, не е се така негативно. Не сме на ова СП, но отворивме нова група на играчи со кои можеме многу во иднина“, изјави Манчини.

Овој стратег очигледно има големи амбиции со Азурите, а дали ќе ги постигне, останува да видиме…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта откри каква ќе биде судбината на Флик на клупата на Барселона

Германскиот тренер Ханси Флик ќе остане тренер на фудбалерите на Барселона до јуни 2028 го…