Повторно започнаа шпекулации за иднината на Пол Погба, а англиските медиуми тврдат дека постојат шанси Французинот да го напушти „Камп Ноу“ ова лето.
Погба и самиот ги подгреа шпекулациите со изјава дека сонува еден ден да заигра за Реал Мадрид, а познато е дека Зидан и во минатото покажува интерес за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Зидан после неговото враќање во Реал ќе има одврзани раце кога се трансферите во прашање, па повторно ќе се обиде да го донесе Погба на „Сантиаго Бернабеу“.
Шпанските медиуми тврдат дека главни мети на францускиот тренер ќе бидат Азар, кој е блиску до трансфер во Мадрид, и Пол Погба.
Мино Раиола исто така притиска да го пресели својот клиент во Мадрид, а ставот на Манчестер Јунајтед е јасен – нема преговори, тие бараат сума од 200 милиони евра за неговата слобода.
„Црвените ѓаволи“ бараат скоро двојно повеќе од колку што го платија и немаат нарема да попуштат. Доколку не пристигне понуда од 200 милиони Погба останува на „Олд Трафорд“.
Јасно е дека Реал не е спремен да плати толкава сума за Погба, особено поради фактот што Французинот има и голема плата, па трансферот е тежок за реализација.