Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Наполи

Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Наполи

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Англиските гиганти подолго време го следат Фабиан Руиз, а Манчестер Јунајтед е спремен да преземе конкретни чекори за негов ангажман.

Јунајтед бара наследник на Погба, кој најверојатно ќе замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната и верува дека Шпанецот би бил идеално решение.

Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…