Пауло Дибала се уште нема постигнато договор со ниту еден клуб, иако е јасно дека на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус како слободен агент.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговиот менаџер и пријател на семејството, Антун после пропаднатите преговори со Јувентус преговара со неколку клубови.
Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, во Аргентинецот гледа своја нова „десетка“, некој кој би можел да внесе креативност во играта на Јунајтед и да му помогне на тимот да биде поопасен во офанзивата.
Поради тоа Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за потписот на Дибала и започна преговори со неговиот агент.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да ја победат конкуренцијата на Интер и спремиле многу побогата понуда за Дибала.