Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спреми 50 милиони за ѕвездата на Ајакс

Манчестер Јунајтед спреми 50 милиони за ѕвездата на Ајакс

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за напаѓачот на Ајакс, Ентони, пренесуваат медиумите на Островот.

22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона постигна 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Тен Хаг одлично го познава и сака да го донесе на „Олд Трафорд“, а раководството е спремно да му ја исполни жежбата.

„Црвените ѓаволи“ спремаат понуда од 50 милиони евра, која се очекува да ги задоволи апетитите на Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…