Манчестер Јунајтед сериозно е заинтересиран за играчот на Саутемптон Марио Лемина, пишува угледниот „Sky Sports“.
Габонецот кој пристигна во Саутемптон пред две години од Јувентус веројатно ќе го напушти англискиот брег ова лето, особено бидејќи претходната сезона не имаше адекватна минутажа под водство на новиот тренер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гигантот од „Олд Трафорд“ е еден од трите премиерлигаши кој сериозно се заинтересирани за Лемина, а покрај „Црвените ѓаволи“ развојот на ситуацијата околу трансферот на овој фудбалер го следат и Арсенал и Лестер. Сепак, ниту една од трите страни се уште не понуди надомест во висина од оној кој го бараат од Саутемптон за фудбалерот кој за две сезони одигра 49 натпревари во црвено-белиот дрес.
Потсетуваме, Саутемптон му плати на Јувентус нешто помалку од 17 милиони евра пред две сезони, и во клубот од „Сент Мериза“ се надеваат дека со оваа продажба ова лето би можеле да ги вратат вложените средства. Манчестер Јунајтед од другата страна бара засилувања на средината на теренот, додека тренерот Солскјер се обидува да го реконструира тимот, а експедицијата на овој тим во моментов се наоѓа во Австралија на турнејата пред новата сезона.
Манчестер Јунајтед до сега доведе две официјални засилувања – Даниел Џејмс (Свонси) и Арон Ван Бисака (Кристал Палас), а се очекува покрај нив, црвениот дрес да го облечат и Шејн Лонгстаф (Њукасл) и Бруно Фернандес (Спортинг Лисабон).