Манчестер Јунајтед сериозно раззмислува да ја активира откупната клазула од 120 милиони евра за Јан Облак, потврдија извори на ЕСПН.
Облак во април потпиша нов договор со Атлетико Мадрид и моментално е еден од најдобрите голмани на светот, поради што се поврзува и со Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црвените ѓаволи имаат проблем Де Геа, кој одбива да потпише нов договор бидејќи бара да стане најплатениот играч на Олд Трафорд, а и покрај тоа во последно време направи неколку големи грешки, кои директно влијаеа на резултатите.
Поради сето тоа, Јунајтед е одлуче да му пронајде замена и наводно планира да ја активира клазулата која изнесува 120 милиони евра.
Облак претходно беше на мета на Ливерпул и Челси, но сепак остана верен на Атлетико, кој секако ќе има желба да го продаде за износ од 120 милиони евра.
Атлетико нема сила да ги задржи најдобрите играчи, па веќе го пушти Лукас Ернандез, а од лето ќе остане и без Хуанфран, Годин и Луиз.