Дома Топ вести Манчестер Јунајтед одби рекордна понуда – почна војната за Де Геа

Манчестер Јунајтед одби рекордна понуда – почна војната за Де Геа

Реал Мадрид тргна по Давид Де Геа и налета на рампа. Манчестер Јунајтед одби понуда од мадриѓаните тешка 60 милиони фунти за одличниот чувар на мрежата, што во превод значи околу 69 милиони евра.

Sky Sport пренесува дека на Олд Трафорд стигнала официјална понуда која долго се очекуваше, бидејќи со месеци се најавуваше дека Реал Мадрид ова лето ќе го донесе Де Геа како најголемо засилување. Играчот им направи притисок на „Кралевите“, па дури се согласи и на помала плата, но останува потешкиот дел од работата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јунајтед нема никаква намера да се откаже од голманот кој Реал го „брка“ веќе две години. Барем не да се откаже со лесно и „евтино“. Ако бидат приморани да го продадат Де Геа и ако Шпанецот инсистира на трансфер како што беше случајот своевремено со Кристиано Роналдо, Модриќ или Бејл, тогаш Реал ќе мора да ги сруши сите рекорди кога се во прашање голманските трансфери. Засега рекордот го држи Џанлуиџи Буфон кој Јувентус во 2001 година го плати 53 милиони евра.

Се сеќаваме на последниот ден од минатиот летен преоден рок, кога Де Геа го деле аминути од трансфер во Реал, но истиот пропадна поради фамозната приказна за факс машината, иако имаше сомнежи дека Јунајтед намерно ја саботираше сета таа приказна.

Реал не се откажа и сега спреми понуда за која се мисли дека Јунајтед ќе ја прифати, бидејќи за Де Геа на Атлетико му плати три пати помала сума. Сепак, Јунајтед ја одби понудата од Реал од самиот старт и го отфрли предлог трансферот тежок скоро 70 милиони евра. Очигледно не очекува жешко лето на релација Мадрид – Манчестер. Перез ќе мора да понуди повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…