Дома Фудбал Манчестер Јунајтед или Јувентус стојат позади одлуката на Дембеле

Манчестер Јунајтед или Јувентус стојат позади одлуката на Дембеле

Осман Дембеле ќе ја доигра сезоната во Барселона, а на лето како слободен агент ќе го напушти клубот.

Сагата со Французинот траеше неколку недели и на крајот не стави потпис на нов договор, но не ја промени средината во јануари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Претседателот на Каталонците, Лапорта изрази сомнеж дека Дембеле веќе се договорил со друг клуб и сака на лето како слободен играч да направи трансфер.

„Спорт“ пренесува дека Дембеле не сакал ни да ги слушне понудите на Челзи, Тотенхем и ПСЖ, а причината за тоа е дека веќе има договор со друг клуб.

Иако се уште не се открива за кој клуб станува збор, во Барселона веруваат дека тоа е Манчестер Јунајтед или Јувентус.

Сега прашањето е што ќе се случува со Дембеле до крајот на сезоната и дали Чави ќе го врати во тимот и ќе ги користи неговите услуги, или пак играчот наредните месеци ќе ги помине на трибини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио

Претприемачот, политичар и сопственик на Лацио, Клаудио Лотито, реши да повика свештеник з…