Раководството на Манчестер Јунајтед започнало преговори со Ватфорд за трансфер на Исмаил Сар, пренесуваат медиумите на Островот.
„Дејли Мејл“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ се уште не испратиле официјална понуда, но се сериозно заинтересирани за 22-годишниот крилен фудбалер.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Со оглед на фактот дека пропадна трансферот на Џејдон Санчо, Јунајтед разгледува алтернативни решенија за крилната позиција.
Сар пристигна во Ватфорд минатата година за 30 милиони фунти. Иако клубот испадна од Премиер лигата сега за неговата слобода бара 35 милиони фунти.