Дома Топ вести Манчестер Јунајтед донесе одлука, Роналдо може да си оди

Манчестер Јунајтед донесе одлука, Роналдо може да си оди

Кристиано Роналдо најверојатно нема да игра во Манчестер Јунајтед следната сезона, бидејќи раководството на клубот нема да го држи со сила Португалецот.

Досегашниот став на Јунајтед беше дека нема да го продаваат Роналдо кој има уште 12 месеци од договорот, бидејќи Ерик тен Хаг го планира како еден од клучните играчи за претстојната сезона.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меѓутоа, Португалецот е одлучен во намерата да ја промени средината бидејќи сака да настапува во Лигата на шампиони. Поради тоа тој одби да ги започне подготовките со Јунајтед и одбива да има средба со новиот тренер Тен Хаг.

Тоа го натера раководството да донесе одлука да му дозволи да замине и Роналдо во петок нема да го замине со тимот на претсезонската турнеја во Тајланд.

Во моментов се шпекулира со Челзи, Барселона и Баерн Минхен, клубови на кои агентот ги понудил услугите на Роналдо, но нема конкретни преговори во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…