Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана.
Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг сака да ја засили одбраната и да доведе партнер за Варан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана. Французинот минатата сезона беше еден од најдобрите во Премиер лигата, но пред почетокот на оваа сезона заработи сериозна повреда на глуждот.
Манчестер Јунајтед веќе стапил во контакт со агентите на Фофана и самиот играч дал согласност да се пресели на „Олд Трафорд“.
Лестер нема лесно да се откаже од дефанзивецот за кого плати 35 милиони евра и за неговата слобода бара 60 милиони евра.
🚨 Manchester United are interested in signing Wesley Fofana from Leicester.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 28, 2022
(Source: @DiMarzio) pic.twitter.com/4HShnCk0dy