Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за младиот талент на Салцбург, Бенџамин Шешко.
Скаути на „црвените ѓаволи“ веќе подолго време го следат 19-годишниот Словенец и сакаат да го доведат на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британските медиуми пишуваат дека „ѓаволите“ веќе го контактирале неговиот клуб за да го добијат потписот на младиот напаѓач, но сигурно нема да биде лесна задача.
Напаѓачот е прв избор на „биковите“ во новаата сезона и веќе постигна два гола, додека вкупно има 12 погодоци во дресот на Салцбург.
Шешко пристигна во Салцбург во 2019 година и првите две сезони играше на позајмица во Лиферинг. Словенецот покажа дека е исклучителен талент и интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.
Manchester United are well informed on Salzburg talent Benjamin Šeško. He’s one of the players monitored, considered ‘really talented’ – but it’s not imminent or advanced deal as of now. 🚨🔴 #MUFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 24, 2022
Man Utd are aware of Šeško as other clubs are informed too, including Newcastle. pic.twitter.com/d5t1BUrc1W