Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ блескаше на Светското првенство во Катар и за очекување е ова лето да направи трансфер.
Последните информации од Островот се дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за голманот на Динамо Загреб.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман бидејќи иднината на Де Геа на „Олд Трафорд“ не е сигурна, а прв избор е токму Ливаковиќ.
Динамо Загреб за неговата слобода бара 10 милиони евра, сума која нема да биде проблем за англискиот гигант.