Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го „краде“ најголемиот талент на Сити

Манчестер Јунајтед го „краде“ најголемиот талент на Сити

Манчестер Јунајтед ќе го привлече најголемиот талент од академијата на Манчестер Сити, тврди „Дејли Мејл“.

Станува збор за 16-годишниот напаѓач Чарли Мекнил, кој досега има постигнато над 600 голови во својата кариера.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Младиот Англичанец одби да потпише професионален договор со „граѓаните“ и од „Олд Трафорд“ веќе се обидуваат да го натераат да ја продолжи кариерата во Јунајтед. Двата клуба веќе преговараат за условите за обештетување.

Ако не успеат да постигнат договор, случајот може да стигне до суд. Клубот од „Етихад“ се обидува да вклучи клаузули поврзани со идните настапи на големиот талент.

Мекнил е голем фан на Јунајтед и првично играше за детските екипи на „црвените ѓаволи“, но му се придружи на Сити пред шест години. Минатиот месец, тој на социјалните медиуми објави дека решил да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…