Дефанзивецот на Наполи, Ким Мин наскоро треба да го комплетира трансферот во Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Последните информации од медиумите се дека Кореецот веќе се договорил со Манчестер Јунајтед, кој е спремен да ја плати откупната клаузула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер бидејќи во својата прва сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнедува 50 милиони евра и веќе постигнале договор со неговиот агент.
Наполи сака да го задржи и му понуди нов договор со двојно повисока плата, но Ким донел одлука да се пресели на „Олд Трафорд“.