Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ги забрза преговорите за Санчо

Манчестер Јунајтед ги забрза преговорите за Санчо

Манчестер Јунајтед ја започна новата офанзива по потписот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, пренесуваат медиумите на Островот.

Јунајтед минатата година за Санчо понуди 100 милиони евра со вклучени бонуси, но Борусија Дортмунд не сакаше да го пушти за помалку од 120 милиони евра.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Санчо има комплетен договор со „црвените ѓаволи“ и инсистира да се пресели на „Олд Трафорд“.

Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд се во напредна фаза и медиумите се оптимисти дека трансферот наскоро би можел да се договори за сума 90 милиони евра.

Тоа е цели 30 милиони евра помалку од сумата која Борусија ја бараше минатата година.

За Санчо интерес покажуваа уште Челзи и Ливерпул, но англискиот репрезентативец преферира преселба на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Германски судија тврди: Србија со право е разочарана – требаше да добие пенал!

Селекцијата на Србија приреди ново разочарување на навивачите со елиминацијата уште во гру…