Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити ќе се насочи кон играчот на Јувентус Миралем Пјаниќ, но само доколку пропаднат преговорите за Жоржињо.
Прва трансфер цел на Пеп Гвардиола е плејмејкерот на Наполи, Жоржињо но преговорите никако да стигнат до завршна фаза, па можно е тој трансфер да пропадне.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во тој случај „граѓаните“ ќе се насочат кон играчот на Јувентус, Миралем Пјаниќ, кој би можел да го напушти Торино ова лето.
Тоа што може да претставува проблем е цената од 100 милиони евра која Јувентус ја постави за Босанецот. „Бјанконерите“ се задоволни од Пјаниќ и не сакаат да го продадат, но доколку пристигне Роналдо ќе мораат да „жртвуваат“ една голема ѕвезда.
Сепак, приоритет на Гвардиола е доведување на Жоржињо, а Пјаниќ е само алтернатива на италијанскот репрезентативец.