Кога во прашање е Манчестер Сити најмногу се зборува за купување на нови играчи, но сега клубот работи и на продажби со цел за остварување на приход.
И тоа за сериозна сума. Според англиски „Телеграф“, „граѓаните“ планираат приход од околу 200 милиони фунти од продажба на неколку играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На трансфер листата се Габриел Жесус, Рахим Стерлинг, Илкај Гундоган и Олександар Зинченко кои би можеле да му донесат големи приходи на Сити.
За Жесус се заинтересирани Арсенал и Челзи, „сините“ го сакаат и Стерлинг, додека Гундоган и Зинченко го привлекоа интересот на неколку клубови надвор од Островот.