Дома Фудбал Англија Манчестер Сити не се откажува од Кулибали

Манчестер Сити не се откажува од Кулибали

Неодамна се пишуваше дека Манчестер Сити за Кулибали му понудил на Наполи 65, а потоа и 70 милиони евра.

Наполи тие понуди ги одби и продолжи да инсистира на најмалку 80 милиони.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Се појави прашањето дали фокусот на Сити ќе остане на сенегалскиот стопер бидејќи за кратко време се отвори приказната за трансфер на Меси на Етихад.

Сепак, Меси вчера соопшти дека останува уште една сезона на Камп Ноу, па Сити може да се врати на другите планови.

Италијанските медиуми пишуваат дека Сити испратил нова понуда за Кулибали која со бонуси достигнува 75 милиони евра.

Се уште не се оние 80 милиони кои ги бара сопственикот на Наполи, но можеби е понуда која сепак ќе го натера Де Лаурентис да се согласи за трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …