Дома Фудбал Англија Манчестер Сити и Ливерпул се најскапи клубови во светот

Манчестер Сити и Ливерпул се најскапи клубови во светот

Пандемијата на Ковид предизвика огромни финансиски загуби во фудбалските клубови. Клубовите претрпеа големи финансиски загуби, а имаше и голем пад на вредноста на играчите.

И покрај сето тоа водечките европски клубови продолжувата да имаат огромна пазарна вредност на своите тимови.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Според најновото истражување Манчестер Сити и Ливерпул се на врвот на најбогатите тимови во светот. Обштата вредност на нивните фудбалери надминува 2 милијарди евра.

„Граѓаните“ се на првото место за 2020 година, 31 фудбалер на овој клуб е проценет на 1.04 милијарди евра. Меѓутоа, вредноста на дури 27 фудбалери од овој тим е намалена во однос на минатата година.

Најскапиот фудбалер на тимот, Рахим Стерлинг загубил 32 милиони евра од пазарната вредност и моментално е проценет на 128 милиони евра.

Тимот на Ливерпул е проценет на 1.02 милијарди евра. Пазарната вредност на двете најскапи ѕвезди на „црвените“, Салах и Мане се намалила за 60 милиони евра.

На трето место е Барселона и покрај сите проблеми кои ги има клубот и тимот е проценет на точно 1 милијарда евра. Потоа следуваат Челзи и Реал Мадрид со 930.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…