Дома Фудбал Англија Мане: Сенегалците сакаат да си заминам од Ливерпул, ќе ги послушам

Мане: Сенегалците сакаат да си заминам од Ливерпул, ќе ги послушам

Садио Мане уште еднаш на индиреткен начин потврди дека донел одлука ова лето да го напушти Ливерпул.

Мане влезе во последната година од договорот со „црвените“ и ја одби понудата за продолжување на соработката бидејќи сака да ја промени средината.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На прес-конференција пред мечот од квалификациите за Африканскиот куп на нации против Бенин, Мане ја потврди желбата да замине од Ливерпул.

„Како и сите други и јас сум на социјалните мрежи и ги следам коментарите. Нели 60-70 % од Сенегалците сакаат да го напуштам Ливерпул? Ќе го направам тоа што го сакат, ќе ги послушам. Ќе видиме наскоро. Не се брзам“, изјави Мане.

30-годишниот напаѓач наводно веќе има договор со Баерн Минхен и ќе биде замена за Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…