Дома Фудбал Останато Мамиќ разочаран: Јас ги направив милионери, а никој ниту да ме спомне…

Мамиќ разочаран: Јас ги направив милионери, а никој ниту да ме спомне…

Откако големото слајве во Хрватска за освоеното сребро на Мундијалот во Русија малку се намали се огласи Здравко Мамиќ.

Првиот човек на загребски Динамо кој се наоѓа во Босна (Меѓугорје) поради процесот кој против него се води во Хрватска се огласи и потсети дека тој е еден од најзаслужните за огромниот успех на „коцкестите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Гледам дека никој мене не ме спомнува. Меѓутоа неспорно е дека ова е кулминација на нашиот успех преку базата која ја направивме. Па, јас како деца Модриќ, Ковачиќ, Ловрен и Чорлука ги доведов како беглаци од Босна и Херцеговина. Тоа се факти. Гледате, тие момци ги направив милионери. Им бев како татко. Меѓутоа, ништо…Сите на некого се заблагодаруваат. Мене никој ниту да ме спомне. Морам да бидам искрен и да кажам дека поединци не смеат да ме пофалат бидејќи би биле изложени на напад“, изјави Мамиќ.

Да потсетиме, судот во Хрватска донесе го осуди Мамиќ на шест ипол години затвроска казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србија ја чека казна пред мечот против Албанија!?

По скандалозните настани на стадионот „Рајко Митиќ“, речиси е сигурно – Србија ќе ја прече…