Дома Трансфер зона Малдини преговара со ѕвездата на Баерн Минхен

Малдини преговара со ѕвездата на Баерн Минхен

Милан покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.

32-годишниот дефанзивец има договор со Баварците до крајот на сезоната и двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тоа значи дека Боатенг уште во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со нов клуб, па битката за неговиот потпис веќе започна.

Малдини смета дека искусниот Германец би бил идеално засилување за следната сезона, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Сепак, „росонерите“ ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи за Боатенг интерес покажуваат уште Арсенал и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…