Се ближи почетокот на првенството во италијанската Серија А, а во Милано се уште не ги склопиле „коцките“ во целост.
„Росонерите“ доведоа неколку играчи до сега, но се уште не е исклучена можноста уште некој играч да дојде на „Сан Сиро“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Директорот Паоло Малдини потврди дека Диего Лаксалт и Иван Стриниќ заминуваат од Милано.
„Заминуваат два бека, Лаксалт и Иван Стриниќ“, изјави Малдини во текот на претставувањето на Лео Дуарте, Рафаел Леао и Исмаел Бенасер.
Медиумите му поставија прашање и за Анхел Кореа.
„Немаме вести за Кореа, а кога во прашање е Андре Силва во овој момент нема ништо конкретно“, тврди Малдини.
Ќе потсетиме, Кореа е напаѓач на Атлетико и Милан се обидува да го доведе, додека португалскиот напаѓач Андре Силва е на излезни врати, но „росонерите“ не успеваат да го продадат.
„Пазарот е и понатаму отворен бидејќи останаа уште две недели, нас приоритет ни се продажбите“, порача Малдини.