Медиумите во Италија пренесуваат дека легендарниот Паоло Малдини ќе биде новиот технички директор на Милан, а на клупата на „росонерите“ ќе седне досегашниот тренер на Сампдорија, Марко Џампаоло.
Како што пишува „Газета дело спорт“, Малдини ја прифатил понудата да биде технички директор и да седне на столчето на Леонардо, кој после една година си замина од Милан.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Првата желба на Малдини за нов тренер на „росонерите“ е Марко Џампаоло од Сампдорија со кого веќе имал средба и постигнат е договор.
Малдини ќе има целосна моќ на одлучување околу работата на клубот, па медиумите тврдат дека ќе го врати Костакурта во клубот во улога на тим менаџер, а во наредните денови ќе биде назначен и спортски директор.
Џампаоло најпрво треба спогодбено да го раскине договорот, а потоа и официјално ќе биде промовиран за нов тренер.