Холандскиот репрезентативец Дони ван де Бек минатото лето пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување, но може да си замине после само една година.
Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следи Милан, кој сака да го донесе на „Сан Сиро“.
23-годишниот Холанѓанец оваа сезона добива многу мала минутажа во Премиер лигата, а беше купен за 45 милиони евра.
Сега Милан сака да го искористи незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А. Вечерва Малдини ќе има средба со раководството на „црвените ѓаволи“ и официјално ќе започне преговори за Холанѓанецот.