Tехничкиот директор на Милан, Паоло Малдини призна дека неговиот тим ќе биде под притисок во последните две кола од Серија А во борбата за титулата, но верува дека на крајот можат тие да се радуваат.
„Со толку ентузијазам околу нас кој се чувствува и во воздухот мораме да се обидеме да пронајдеме чувство на смиреност“, изјави Малдини па продолжи:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Против Верона од почеток до крај имавме натпревар кој многу се разликуваше од оној против Лацио каде што доминиравме само 20-25 минути. Во вакви ситуации кога имате уште малку натпревари, а имате шанса да направите нешто големо многу е важно тимот да реагира на вистински начин за да не се случи да ја „изгубите“ главата“. Навистина морам да им честитам на момците за натпреварот против Верона, направија се што се очекуваше од нив“.
Милан после долгогодишниот пост ќе го освои Скудетото ако во последните две кола освои четири бода, против Аталанта дома и Сасуоло на гости.
„Блиску сме до расплетот затоа што останаа само две кола од крајот. Ова не се лесни натпревари, но не беа ниту овие кои ги игравме против Верона па ги добивме. Ја гледав Аталанта која е жива, која игра офанзивно и која има многу играчи за највисоки европски дострели. Знаеме дека над нас голем притисок, но можеме да се избориме“, изјави Малдини.