Дома Македонски спорт Мак фудбал Максимов потпиша со Работнички до 2024 година

Максимов потпиша со Работнички до 2024 година

Еден од најталентираните македонски фудбалери, Методи Максимов, останува во Работнички до 2024 година.

Тој потпиша нов договор и ќе остане дел од нашиот клуб и во наредниот период. Спортскиот директор Горан Станковски е задоволен што Максимов ја обнови соработката со Работнички.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Раководството на клубот покрај ангажманот на нови засилувања, максимално е фокусирано и на соодветна грижа за фудбалерите кои се нашето богатство и клупска иднина. Во таа насока, среќни сме што ја обновивме соработката со Методи Максимов. Тој е еден од најталентираните македонски фудбалери, младински репрезентативец и веруваме дека е светла иднина на клубот“, вели Горан Станковски.

„Чест ми е што го носам дресот на Работнички. Во овој клуб се изградив како фудбалер и ја добив шансата да се наметнам и благодарен сум за тоа. Се надевам дека во иднина ќе оствариме уште многу заеднички успеси“, изјави Методи Максимов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…