Дома Луд Спорт Македонскиот фудбалер Ејупи приведен во Хрватска поради тепачка!

Македонскиот фудбалер Ејупи приведен во Хрватска поради тепачка!

Македонскиот фудбалски интернационалец Музафер Ејупи, е приведен во полиција, откако учествувал во тепачка во центарот на Копривница, пренесуваат хрватските медиуми.

Македонскиот напаѓач и еден негов пријател завршиле во притвор, бидејќи се првоосомничени за крвавата тепачка која избила на една од најпознатите улици во центарот на Копривница.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како што јавуваат хрватските медиуми, Ејупи и неговиот пријател претепале 53-годишен човек вчеравечер околу 19:40 часот на улицата „Немчичева“, а причина за бизарната расправија и тепачка било паркинг место.

„На 25-ти септември во 19:40 часот на улицата „Антун Немчиќ“ во Копривница, дошло до физичка пресметка меѓу три лица на возраст од 52, 32 и 31 година. 53-годишното лице се здобило со тешки телесни повреди, а другите двајца со лесни повреди. Две лица се приведени и се истражува случајот“, стои во полцискиот извештај.

Ејупи оваа сабота требаше да игра против својот поранешен тим Осијек на мечот кој е закажан во Копривница, но по се изгледа, тој нема да може да настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…