Дома Македонски спорт Македонскиот тенисер Горзад Србљак го заврши настапот на турнирот во Србија

Македонскиот тенисер Горзад Србљак го заврши настапот на турнирот во Србија

Македонскиот тенисер Горазд Србљак ги заврши мечевите на ИТФ фјучрс M25 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.

Србљак денеска во мечот од вторто коло загуби од Бранко Ѓуриќ со 2-0 во сетови (63 62) за 92 минути. Ова беше втора победа за српскиот тенисер во меѓусебните мечеви со Србљак.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во првиот сет Ѓуриќ направи предност со водството од 4:1 и 5:2 во гемови и сетот го заврши со 6:3, додека во вториот сет Србљак поведе со 1:0, но потоа следуваше серија од пет гема за ривалот и водство од 5:1. До крајот на мечот двајцата тенисери освоија по еден гем и вториот сет заврши со резултат 6:2.во гемови.

Србљак е пријавен за настап и на следниот фјучрс турнир во Куршумлијска Бања, каде во квалификациите се пријавени заедно со него и Обрад Марковски и Шендрит Деари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…