Никако после сезоната во која Вардар играше групна фаза во Лига Европа македонските клубови да имаат добро европско лето, а тоа може да резултира со загубено место од сезоната 2023/2024.
Имено, ако нешто драстично не се промени македонските клубови од споменатата сезона ќе мора да игра претквалификации за Лигата на шампионите, таму ќе оди само шампионот. Досега тука играа тимови од Андора, Гибралтар, Сан Марино…
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Едно од досегашните четири место (едно во ЛШ, три во Конференциската лига) ќе загубиме затоа што не успеавме да обезбедиме уште една победа и реми на европските настапи летово, ако тоа се случеше ќе го задржевме коефициентот на листата.
Ако се смета по УЕФА калкулаторот најдобар учинок летово имала Шкендија, а најслаб Академија Пандев. Шкупи играше плеј-оф во Конференциската лига, но претходно губеше натпревари во квалификациите за ЛШ и ЛЕ.
Фото: ФК Шкупи