Познатиот фудбалски магазин „Фор Фор Ту“, објави листа од топ 10 дресови на Европските првенства, а на неа е и македонската репрезентација која се најде на високото петто место.
Нашиот дрес дизајнираното сонце преку црвената позадина е еден од најубавите во историјата на европските првенства, односно на високото 5-то место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знамето на Македонија со светло жолто сонце и зрази на црвена позадина е едно од најлудите во светот, така што беше сосема правилно што фудбалската репрезентација повеќе од суптилно го аплицираше на нивниот дрес на ЕВРОП 2020, нивното деби на турнирите. Германскиот бренд „Јако“ никогаш нема да биде најкул производител на дресови, но никој не им го одзема овој брилијантен дрес кој на себе го носеше најголемиот играч на Македонија, Горан Пандев“, стои во написот за нашиот дрес.
За најдобар дрес е прогласен дресот на Холандија од Европското првенство во 1988 година.