Дома Македонски спорт Македонката Паскал блеска во Израел: Вторпат сезонава е голман на колото!

Македонката Паскал блеска во Израел: Вторпат сезонава е голман на колото!

Maкедонската голманка Бисера Паскал која брани во Израел за Бнеи Херцелија прикажува одлични настапи.

После паузата Паскал и нејзиниот тим се вратија на терените во рамките од третата рунда и во ова коло претрпеа минимален пораз од Хапеол Рижон со 29:30. Паскал иако беше одлична на голот сепак не успеа да го спречи поразот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На овој меч таа забележа фантастични 17 одбрани со процент на одбранети удари од 41%. Противничките ракометарки испратија 41 удари кон нејзиниот гол, а таа одбрани 17.

Сосема заслужено таа беше прогласена за голман на колото и тоа вторпат сезонава во израелскиот шампионат. Поразот од Хапоел за тимот на Бнеи Херцелија беше прв сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…