Дома Македонски спорт Македонија ќе живее во духот на одбојката: Одбојкарите подготвени за стартот на ЕП во Скопје

Македонија ќе живее во духот на одбојката: Одбојкарите подготвени за стартот на ЕП во Скопје

Maкедонската одбојкарска репрезентација денес одржа прес-конференција во пресрет на Европското првенство на кое ќе играме на домашен терен.

Целта на селекторот Joшко Миленковски и неговите избраници е пласман во втората рунда.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Момците секој дена даваат се од себе да ја претстават државата во најдобро светло. Ова е најголем настан на македонско тло и можност да ја претставиме нашата држава и нашиот спорт. Желбата е пласман во следниот круг и мислам дека го заслуживме, но зависи и од нашите противници. Поддршката од публиката секако ни е потребна, да покажеме цврст карактер и борба за амбициите. Верувам дека по завршувањето на ЕП ова ќе биде нова историја за нашиот спорт“, изјави Миленковски.

Порака испрати и капитенот Ѓорѓиев кој порача дека ова е момент за кој живеат.

Групата е доста тешка, прв фаворит е Полска, па Холандија и Чешка, па Данска и Црна Гора кои се на наше ниво. Утре е голем ден, мора да влеземе малку позрело за разлика од претходните две Европски првенства каде првиот меч беше „живот или смрт“, а подоцна кога го загубивме натпреварот веќе на следниот не можевме да се препознаеме. Ќе дадеме се од себе, живееме за ова. Се надевам дека утре ќе успееме да ве израдуваме“, порача капитенот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…