Дома Македонски спорт Македонија со шест спортисти на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес

Македонија со шест спортисти на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес

Во периодот од 6-ти па се до 18-ти октомври, во Буенос Аирес ќе се одржат третите летни Младински Олимписки Игри на кои нашата земја ќе биде претставувана од шестмина спортисти.

Претседателот на МОК, Васил Тупурковски посакувајќи им успех истакна дека не се важни само резултатите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Успешниот настап не се само постигнатите резултати или времиња во трките во кои ќе учествувате. Успех ќе претставува и начинот на кој ќе ја претставувате оваа мала земја. Затоа бидете горди што учествувате на еден ваков настап и верувам дека ќе дадете се од себе“, изјави Тупурковски.

Знаменосец ќе биде Ана Марија Георгиевска, која оствари најзначаен резултат, со освојувањето на 3.место на Светското првенство во теквондо.

Покрај Георгиевска, во нашата експедиција која утре заминува за Буенос Аирес, а ќе бидат и:
Миа Крстевска, пливање, 200 и 100 метри грбно
Драган Велинов, борење, 110 килограми
Берат Мустафа, атлетика, 400 метри
Хамза Јашари, џудо, 66 килограми
Фаик Весели, карате, 61 килограм.

Очекувањата се скромни, пред се, спортистите веруваат дека ќе ги остварат своите најдобри резултати, додека знаменоската Георгиевска беше најамбициозна најавувајќи борба за медал.

„Одам во Буенос Аирес да освојам медал. Чест ми е што ќе настапувам на овие Игри и ќе го носам македонското знаме“, изјави Георгиевска.

Македонската експедиција ќе биде предводена од Владимир Богоевски, спортскиот директор на Македонскиот Олимписки Комитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…