Дома Фудбал Репрезентации МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ: 27 години од првиот меѓународен натпревар – победена беше Словенија (ВИДЕО)

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ЈУБИЛЕЈ: 27 години од првиот меѓународен натпревар – победена беше Словенија (ВИДЕО)

Денес македонскиот фудбал слави голем јубилеј – 27 години од првиот меѓународен натпревар!

Првиот натпревар Македонија го одигра две години по независноста, на 13 октовмри 1993 година во Крањ против Словенија и тоа беше фантастичен почеток со оглед на тоа дека славевме победа од 1:4.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На тој натпревар за Македонија настапија: Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Зоран Јовановски, Драги Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски, Љупочо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски, Тони Мицевски – тоа беше стартниот тим, а од клупата шанса добија: Неџмедин Мемеди, Горан Георгивски, Ванчо Мицевски и Сашо Милошевски.

Од клупата беа предводени од Андон Дончевски.

Македонија отвори многу брзо, во третата минута преку Бошковски, потоа најпознатиот во тимот Дарко Панчев зголеми на 0:2, Јаневски погоди за 1:3, а конечните 1:4 ги постави Драган Канатларовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Oва се најгледаните фудбалски лиги за 2025: Веднаш зад топ 5 има изненадување!

Американската лига МЛС бележи голем раст, главно благодарение на Лео Меси, додека Саудиска…