Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија рутински против Грција за прво место во групата

Македонија рутински против Грција за прво место во групата

Македонските ракометари рутинским ја совладаа селекцијата на Грција со 27:23 и го осигураа првото место во групата, а воедно и се одмаздија за поразот во Кожани.

Нашите ракометари имаа лош старт на натпреварот, па јужниот сосед водеше со два гола во почетните минути, а во еден момент стигнаа и до +3. Сепак, првото израмнување стигна во финишот кога Македонија израмни на 9-9, а потоа направи и пресврт, па на полувреме амина со предност од 13-11.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во вториот дел Македонија рутински ја одржуваше предноста и на крајот запишавме победа од четири гола разлика.

Кире Лазаров беше најефикасен со шест гола, Филип Талески и Жарко Пешевски имаа по пет, а Никола Митревски запиша 10 одбрани.

Македонија од претходно имаше обезбедено учество на Европското првенство, но со оваа победа го осигура првото место во групата

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…