Македонија со победата над Чешка од 27:25 (14:12) вчера обезбеди пласман на Светското првенство во Полска и Шведска. Иако овие квалификации ги игравме од претколото успеавме да го продолжиме континуитетот со настапи на големите турнири.
Со месеци наназад претходно се зборуваше за повеќекратното значење на овој бараж. Дојде време од репрезентативниот дрес да се простат Миркуловски и Стоилов, веројатно и Лазаров. Нивната последна задача како играчи беше една од најтешките, меѓутоа ја остварија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Олимпискиот сон остана недофатлив меѓутоа…Од ЕП 2012 година кое се играше во Србија Македонија не пропуштила ниту едно Европско или Светско првенство! Со ваков континуитет може да се пофалат само уште четири репрезентации од Европа и тоа суперсили како Франција, Данска, Шпанија и Хрватска.
Ова значи дека ние имаме поголем континуитет на настапи на големите турнири од селекции како Шведска, Германија, Исланд, Унгарија, Полска…Репрезентации со богато ракометно реноме.
Фото: РФМ