Денес не треба да заборавиме дека покрај ракометарите во историот термин и одбојкарите ќе играат натпревар во квалификациите за Европското првенство против фаворитот Турција.
Ова ќе биде втор натпревар против фаворитот во групата и ако не заврши како првиот ќе имаме скоро сигурен пласман на ЕП. Во средата на Турција ја доби Македонија со 3:1 и со тоа тие направија голем чекор кон освојувањето на првото место. Сепак, тоа прво место не им е обезбедено и во случај денес ние да ги победиме со 3:0 Македонија ќе биде репрезентација која уште сега ќе може да се прогласи за учесник на ЕП.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа ако се знае квалитетот на Турција тоа е пеколно тешко, по реално е да се надеваме да освоиме што повеќе сетови за да бидеме подобро пласирани помеѓу вторите селекции. Помеѓу вторите репрезентации (одат најдобрите пет втори места) добро котираме, Австрија веќе е зад нас.