Лестер Бо Мекејлеб беше дел од легендарната генерација која го постигна најголемиот успех во македонската кошарка со освоеното 4. место на Евробаскетот 2011. За тоа како беше порано и што следуваше подоцна ви го пренесуваме целиот текст од КФМ.
За време на паузата помеѓу двете сезони, медиа-тимот на Евролига и Еврокупот излезе со серија на текстови посветени на играчите кои оставиле посебен печат во овие две натпреварувања.
А еден од последните едиторијали беше посветен на најдобриот македонски Американец, Американецот со македонски пасош, кошаркарот кој влезе во историјата на македонската репрезентативна кошарка.
Човекот кој доби свое посебно „име и презиме“ во историската „читанка“ на мак-баскетот – Лестер Бо Мекејлеб…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како беше порано
Лестер Мекејлеб важеше за доста динамичен колеџ кошаркар во родниот град и Универзитетот во Њу Орлеанс,
Бо Мекејлеб уште од самиот почеток ја прифати европската кошарка. Тој блескаше како дебитант во Турција со тимот на Мерсин пред да го добие повикот од Партизан од Белград, со кој го направи своето деби во Евролигата во сезоната 2009-10.
Сезона во која го доведе Партизан до „Фајнал-форот“ и сезона во којa успеа да заработи место во Ол-стар тимот на Евролигата.
Монтепаски од Сиена го потпиша Мекејлеб во следните две сезони и го искористи неговиот одличен „брз чекор“ со кој му помогна на италијанскиот тим да стигне до четвртфиналето на Евролигата во 2011 година.
Една година подоцна, екипата од Сиена беше елиминирана во плеј-офот,а Мекејлеб имаше неверојатна сезона. Тој го освои трофејот на „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец. Имаше просек од 16.9 поени по натпревар и вторпат беше прогласен во вториот Ол-стар тим на Евролига.
Кога тренерот Симоне Пјаниџани ја напушти Сиена за да му се придружи на Фенербахче од Истанбул, тој се погрижи да го „понесе“ со себе неговиот „ангел чувар“.
Мекејлеб беше стрелец број 2 на Фенербахче во секоја од годините кои ги помина со клубот. Но тимот од Босфорот не стигна до евролигашкиот плеј-офот во ниту една сезона.
Неговата следна станица беше Баерн, односно Минхен, на кој Мекејлеб се приклучи по почетокот на кампањата 2014-15, но Баварците го промашија Топ 16, и сезоната ја доиграа во „Последните 32“ од Еврокупот.
Искуство со Еврокупот
Мекејлеб дебитираше во Еврокупот во воведното коло од „Последните 32“ и му помогна на Баерн да дојде до победа од (93:84) над Дижон, имаше 16. поени плус 4. асистенции. Сепак, неколку дена подоцна доживеа повреда, и никогаш повеќе не заиграа за екипата од Минхен.
Мекејлеб се врати во Еврокупот скоро една година подоцна, како играч на Лимож.
Во својот прв натпревар со екс шампионот на Европа, играше со ограничен број на минути. Дојде до просечни 13.8 поени и 3.2 асистенции во следните пет. Неговите 17 поени во последниот натпревар од рундата против ПАОК Солун го однесоа Лимож во осминафиналето, каде беа соборени од Гран Канарија.
А ако не можете да ги победите, придружете им се?
Тоа е она што Лестер Мекејлеб,го стори во летото 2016 година, кога потпиша со Гран Канарија. Како стартер, тој го водеше тимот со 4,8 асистенции и беше втор со 11,0 поени по натпревар. Гран Канарија заврши на врвот во групата и се најде на второто место во Топ 16, и за прв пат да го донесе тимот од Канарските Острови во четвртфиналето. Нивниот пат го прекина Хапоел од Ерусалим.
И оттогаш, Мекејлеб не се врати во Еврокупот.
Што следуваше потоа?
Лестер Мекејлеб остана во Шпанија следните две сезони, како играч на Сарагоса. И му помогна на тимот да заврши на шестото место на крајот на сезоната 2018-19, служејќи како ментор за таленти како Карлос Алоцен, кој летово се приклучи на Реал Мадрид.
Мекејлеб оттогаш не игра професионална кошарка. Да, навистина, тој се приклучи на друг шпански тим, Фуенлабрада, со кого потпиша договор на 9. ноември 2019 година. Но беше ослободен пет дена подоцна, кога, наводно, не ги поминал медицинските тестови на клубот.
Како и да е, Лестер „Бо“ Мекејлеб останува една од најсјајните звезди на кошарката во Македонија, откако својата репрезентација ја донесе до полуфиналето на Евробаскетот 2011 година,односно до највисокото место во историјата. Сето тоа заокружено просек од 23.5 поени и 3.2 асистенции на шест натпревари.
Неговиот соиграч, трикратен шампион во Евролигата, Перо Антиќ, го нарече „Бошко Мекејлебовски“, секако за да го натера да звучи како „локалец“, како „наш“, македонски кошаркар.