Дома Фудбал Останато (Видео) Нови детали за пресметката: Дилон Данис доживотно суспендиран поради жестоката тепачка?

(Видео) Нови детали за пресметката: Дилон Данис доживотно суспендиран поради жестоката тепачка?

Американскиот бизнисмен и претседател на УФЦ, Дена Вајт (56), изјави дека борецот Дилон Данис (32) ќе биде доживотно суспендиран поради учество во масовна тепачка што избила во Њујорк.

Жестоката пресметка се одиграла во сабота вечерта во „Медисон Сквер Гарден“, каде учествувале, да потсетиме, УФЦ борците Дилон Данис, Ислам Махачев, членовите на неговиот тим, како и Магомед Зајнуков.

Според кажувањата на сведоците, како што известува „НТ Њуз“, Дилон Данис бил оној кој вербално го започнал инцидентот, кој брзо прераснал во физичка пресметка. За време на хаосот, во кој било тешко да се утврди кој кого удира, се уриваа барикади, летале столчиња и пиво, поради што десетици членови на обезбедувањето влетале во арената. Заедно со припадниците на полицијата и потпретседателот на УФЦ, Хантер Кембел, морале да интервенираат, а за да ја смират ситуацијата, прво го извеле Данис надвор од салата, и тоа со лисици на рацете.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Солдиќ со победа на дебито во UFC!

Роберто Солдиќ го оствари својот прв триумф во UFC, победувајќи го Хаос Вилијамс на спекта…