
Тотенхем повторно го сврте вниманието кон крилниот напаѓач на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, објави шпански Ас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кубо има откупна клаузула од 60.000.000 евра, и покрај тоа што оваа сума не претставува пречка за лондонскиот клуб, сè уште нема конкретни знаци дека се подготвува понуда.
Интерес за јапонскиот репрезентативец покажаа и Арсенал и Атлетико Мадрид, но мадридскиот тим не се подготвува да ја активира клаузулата, што може да биде во корист на Тотенхем.
Покрај Кубо, Спарсите го следат и Магнес Акилуза од Монако, бидејќи тренерот Томас Франк инсистира на доведување замена за Хунг Мин Сон.
Наводно, клубот сака и играч кој би можел да донесе комерцијални предности на азискиот пазар, а Кубо совршено се вклопува во таквите планови.
Јапонецот помина четири години во младинските категории на Барселона, а во сениорската кариера беше дел и од Реал Мадрид, но не доби вистинска шанса во ниту еден од двата големи шпански клуба.