Дома Фудбал Херојот на Ирска се расплака во по чудото во Будимпешта: Ова ми значи се на светот! (Видео)

Херојот на Ирска се расплака во по чудото во Будимпешта: Ова ми значи се на светот! (Видео)

Доколку денеска го прашате секој во Ирска за кого би гласале доколку претседателските избори се одржат сега, речиси сите би кажале дека тоа е Трој Парот.

Овој феноменален напаѓач на Ирска, во последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство, постигна хет-трик во Унгарија, со што ја елиминираше од баражот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Особено болно за Унгарците беше тоа што решавачкиот гол го примија во 96. минута, што значеше и официјален пласман на Ирска во дополнителните натпревари за пласман на Мундијалот.

Парот, по натпреварот во кој Ирците славеа со 3:2, беше видливо емотивен и се расплака.

“Токму затоа го сакаме фудбалот, бидејќи вакви работи можат да се случат… Го обожавам местото од каде што доаѓам, моето семејство е тука, ова значи се за мене,” изјави меѓу другото Парот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси планира враќање во Барселона!

Лионел Меси и Антонела Рокузо се подготвуваат за значајно животно патување, што веќе привл…