Дома Фудбал Преговорите започнале: Зиркзе пред враќање во Италија!

Преговорите започнале: Зиркзе пред враќање во Италија!

Џошуа Зиркзе би можел во јануари да ја побара среќата на ново место.

Во Манчестер Јунајтед не добива многу шанси, бидејќи Аморим има други идеи за нападот на тимот, што Рома сака да го искористи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Волчицата“ планира во јануари да го ангажира холандскиот фудбалер, кој што Гасперини го посакуваше уште додека беше во Аталанта и фудбалер кој има амбиција да настапи на Светското првенство следната година – нешто што ќе му биде тешко ако не добива редовна минутажа во Манчестер Јунајтед.

Неговиот настап во Болоња беше навистина импресивен, но во Манчестер како да го загуби сјајот, и Гасперини верува дека би можел да го искористи неговиот потенцијал во Серија А.

Што планира Рома?

Позајмица, каде што би платиле половина од 3.5 милиони евра колку што заработува во Манчестер Јунајтед, со можност за откуп на крајот од сезоната по цена од околу 35 милиони евра.

Преговорите се веќе во тек, и Манчестер би можел да ја искористи оваа можност да го продаде играчот и со тие средства да ангажира играч по вкусот на Аморим…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатен натпревар во Мадрид: Реал доби два црвени картони, Селта победи за првпат од 2014 година (Видео)

Селта вечерва по повеќе од 10 години дојде до победа во Мадрид на стадионот Сантјаго Берна…