Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија напредуваше на четвртото место на листата на ЕХФ

Македонија напредуваше на четвртото место на листата на ЕХФ

Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) по комплетирањето на сезоната 2016/17 го објави новото рангирање на европските земји во Лигата на шампионите.

На најновата листа Македонија, благодарение на историскиот успех на Вардар, ги мина Германија и Франција и се искачи на четвртата позиција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На ранг листата сега единствено Унгарија, Шпанија и Полска се подобро рангирани од нашата земја.

Веднаш зад Македонија, на петтото место се наоѓа Франција, а меѓу првите 10 се уште Германија, Хрватска, Данска, Белорусија и Украина. Бодовите за рангирање на федерациите, ЕХФ ги пресметува според резултатите на клубовите во последните три сезони (2014/15, 2015/16 и 2016/17) и според нив потоа го одредува рангот на тимовите за наредната сезона – 2017/18. Во текот на наредната седмица, ЕХФ ќе ја објави и конечната листа на тимови за сезоната 2017/18.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…