Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија може да израмни рекорд во Лигата на Нации!

Македонија може да израмни рекорд во Лигата на Нации!

Maкедонската фудбалска репрезентација на две кола пред крајот на актуелното издание од Лигата на нации скоро и да го обезбеди првото место и треба да се случи неверојатен расплет на настаните за да не бидеме победници во групата, меѓутоа има зошто и да го дадеме максимумот до крајот.

Прво, тоа би донело привилегии во борба за пласман на Светското првенство преку плеј-оф каде што се пласираат најдобрите 25 екипи од Лигата на нации, но може да поставиме и рекорд.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Досегашниот рекорд на македонската репрезентација во Лигата на нации беше 15 бода со кои го освоивме првото место во лигата „Д“ од каде што подоцна се пласиравме на Европското првенство.

Во следните две учества освојувавме девет и седум бода. Сега по четири натпревари имаме десет и со победи против Летонија и Фарски Острови, дуели кои ги играме на домашен терен би стигнале до 16 бода. Тоа е и рекорд во Лигата на нации, досега по толку бода освојуваа Грузија двапати, Франција, Холандија и Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шокантни вести од Мадрид: Искусниот дефанзивец принудно става крај на кариерата?!

Aвстриецот Давид Алаба кога е подготвен важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, н…