Репрезентацијата на Македонија се подготвува за настап на Европското првенство во Дебрецен каде што ќе играме во група со Словенија, Црна Гора и Данска.
Првиот дел од подготовките избраниците на Лазаров го одработија во Маврово, додека вториот е во Скопје. Вчера во СЦ „Борис Трајковски“ го одигравме првиот натпревар против Израел, додека денес на распоред е втората контролка, која ни е и последна пред настапот на ЕП.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Израел вчера прикажа добра игра и често пати водеше до завршницата. Сепак, тогаш момците на Лазаров заиграа како што треба и го свртеа резултатот. Денес не чека последниот тест и повторно против Израел.




Селекцијата ќе биде комплетна, играчите ги надминаа проблемите со вирусот, а на тренинзите ќе се приклучи и единствениот отусутен, Жарко Пешевски.




Првиот натпревар на Европското првенство Македонија ќе го игра против Словенија на 13. јануари во 18:00 часот.