Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија го доби противникот во плејофот од Лигата на Нации: Косово гостува во Скопје!

Македонија го доби противникот во плејофот од Лигата на Нации: Косово гостува во Скопје!

Репрезентацијата на Македонија вчера обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на Нации со победата од 4:0, а денес го добивме и противникот.

Селекцијата на Косово славеше победа против Азебејџан во Приштина и така се избори за полуфиналето против нашата репрезентација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ние групната фаза ја завршуваме како втора најдобра во Б дивизијата со 15 освоени бодови, додека третопласирана е токму селекцијата на Косово.

Како и што беше однапред познато полуфиналето ќе се игра на наш терен на Арената „Филип Втори“.

Треба да се истакне, дека Азарбејџан и Косово во директен дуел одлучуваа кој ќе биде наш противник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…